
Здружението Центар за култура и граѓански активизам – АЗУРЕ Скопје од Скопје е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, како и заради вршење на дејности и активности за граѓански активизам, зајакнување на меѓуетничките односи и економкси развој на територијата на Македонија и пошироко, а во согласност со Уставот и Законот.
Основни цели на Здружението Центар за култура и граѓански активизам – АЗУРЕ Скопје се:
– Истражувања на аспектите на културата и општеството во Македонија и Балканот;
– Поддршка на интеркултурна соработка и меѓу-етнички дијалог;
– Подигнување на свеста на јавноста за значењето на културното наследство и подобрување на квалитетот на живот на жителите во Р. Македонија;
– Соработка со други организации и институции од областа на културата и граѓанскиот активизам.;
– Овозможување на подобар и еднаков пристап за социјално маргинализирани групи;
– Истражување и промоција на традиционални и современи културни вредности од Македонија и анимирање на млади луѓе за промовирање на културно наследство во Македонија;
– Подршка и јакнење на младинскиот активизам во Р. Македонија.